Валенсија нема да го откупи договорот на Батшуаи

Шпанскиот прволигаш Валенсија нема да го откупи договорот на белгискиот интернационалец Мичи Батшуаи. Тој дојде како позајмен играч од Челси за една сезона, со можност клубот од „Месталја“ да го го откупи комплетно неговиот договор. Сепак, како што најавуваат шпанските медиуми, раководството на „лилјаците“ нема да се осмели на таков потег.

Батшуаи имаше добар старт на шпанската одисеја, но во последниот период прикажува полоши игри, што не го импресионираат тренерот Марселино Торал. Белгиецот по завршувањето на сезоната ќе треба да се врати на „Стемфорџ бриџ“.

Се вчитува...