Генералниот менаџер на Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека Франк Рибери на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.
Искусниот 36-годишен француски фудбалер во Баерн дојде во 2007 година, а во изминатите 12 години со баварскиот тим освои дури 21 трофеј.
Се шпекулираше дека Рибери и оваа сезона ќе биде во некој друг клуб, но пред крајот на минатата сезона тој го продолжи договорот со Баерн Минхен на уште една година исто како и Ариен Робен кој во јуни исто така заминува од Минхен.
Иако е веќе во зрели играчки години, Рибери сигурно ќе игра уште неколку сезони и вече има неколку понуди.
За Франк Рибери заинтересиран е турскиот Галатасарај, интерес има и од Ал Итихад, како и од клубови од Кина и од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА