Ништо неочекувано: Шкендија, Ибраими, Барди, Пандев, Фазлагиќ… најдоброто во 2018 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Апсолутно ништо неочекувано околу изборот на најдобрите од македонскиот фудбал за изминатата 2017/2018 во организација на Фудбалската федерација на Македонија.

Јасно беше дека поголемиот дел од признанијата ќе заминат во Тетово на адреса на ФК Шкендија од каде се, покрај признанието за најдобар клуб, и најдобриот фудбалер и стрелец Бесарт Ибраими, и најдобриот тренер Ќатип Османи и најдобриот млад фудбалер Енис Фазлагиќ.

На свечената церемонија која ја водеше портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски, признанија добија и Енис Барди како наш најдобар репрезент во странство, како и Горан Пандев за посебен допринос за развојот на македонската фудбалска игра…

 

 

 

Се вчитува...