Во дербито меѓу првите две екипи на табелата во Бундеслигата, Борусија Дортмунд ја победи Борусија Менхенгладбах со 2-1 и се зацврсти на лидерската позција.
Домаќините поведоа со погодокот на Санчо во 42.минута. Фудбалерот на Борусија Дортмунд направи извонреден соло пробив и од работ на шеснаесетникот ја смести топката во долниот лев агол.
Во судиското продолжение на првиот дел, фудбалерите на Менхенгладбах успеаја да дојдат до израмнување откако Криштоф Крамер ја искористи мешаницата пред голот и биеше прецизно покрај левиот дирек.
Конечните 2-1 ги постави Марко Ројс во 54.минута од средбата. Поголем дел од работата ја заврши Марио Геце кој прецизно го проигра Ројс, а тој само рутински ја смести топката во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА