Веспрем ќе има нов српски голмански тандем за следната сезона. Ново соиграч на Дејан Манасков во унгарскиот тим ќе му биде српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара.
Оваа сезона 24-годишниот Цупара го брани голот на Кјелце, но од следното лето од Полска се сели во Унгарија. Цупара во Веспрем доаѓа како замена за Роланд Миклер кој пред некој ден потпиша тригодишен договор со ПИК Сегед.
Така од следната сезона, тренерот Давид Дејвис на голот во тандем ќе ги има искусниот Арпад Штербик и Цупара кој е еден од најдобрите голмани од новата генерација.
Цупара со Веспрем потпиша договор на две сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА