Секој друг би шутирал, но Озил покажа зошто е фудбалски генијалец (видео)

Месут Озил често е критикуван поради недоволното залагање во одбраната, но кога станува збор за нападот, тука нема дилеми деа Германецот е фудбалски генијалец кој ја игра оваа игра на поинаков начин од „обичните смртници“.

Доказ за тоа е денешниот дуел меѓу Арсенал и Барнли, на кој Озил по подолга пауза доби шанса во стартниот тим и веднаш покажа зошто е гениј. „Топчиите“ организираа долга акција по десната страна, по што топката на работ на шеснаесетникот стигна до Озил. Тој си го зголеми аголот и дојде во ситуација во која сите би шутирале, но Геманецот во тоа е поинаков од другите – упати додавање кон вториот дирек до Колашинац.

Босанскиот интернационалец одлично ја врати топката во поле, Обамејанг рутински ја смести во мрежата, но најзаслужен за овој гол дефинитивно е Месут Озил.

 

Се вчитува...