Само да стигнеме до ЕП: УЕФА подготви дури 730 милиони евра награден фонд за ЕП 2020!

УЕФА го определи досега најголемиот буџет за награди во историјата на континенталните шампионати кој сега достигна неверојатни 731 милион евра!

И Македонија, преку Лигата на нации, како никогаш досега има шанса да се најде на Европското првенство 2020. Па, може да добие од колачот за настап на шампионатот кој ќе се одржува во 12 града ширум Стариот континент.

Според буџетот на УЕФА, на првенството сите 24 селекции кои ќе се пласираат ќе добијат по 9,5 милиони евра. Победа во групата донесува плус 1,5 милион евра а нерешен резултат – 500.000 евра. За пласман во осминафиналето следат дополнителни 2 милиони евра, 3,25 милиони евра за четвртфинале и дополнителни 5 милиони евра за полуфинале. На европскиот шампион плус ќе му следат уште 10 милиони евра, а на вицешампионот – 7 милиони.

Тоа значи дека една репрезентација, ако ги запише сите победи (три во групата, плус оние во елиминациската фаза и стигне до европскиот трофеј) ќе заработи баснословни 34,5 милиони евра!

Европското првенство 2020 за првпат во историјата ќе се игра во дури 12 града: Санкт Петербург, Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Минхен, Рим и во Лондон каде ќе се играат полуфиналните дуели и финалето.

Македонија во полуфиналната пресметка од Лигата на нациите во Скопје ќе се соочи со Косово, во обидот да дојде до финале во Д дивизијата од Лигата на нации и потоа пласман на ЕП. Патот до ЕП 2020 ќе се бара и преку стандардните евро-квалификации во група со Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.

Се вчитува...