Манчестер сити доживеа неочекуван пораз пред своите навивачи од Кристал Палас во 18. коло од Премиер лигата. Пеп и „граѓаните“ загубија со 2-3 со што овозможија Ливерпул да остане на врвот од табелата со четири бода предност во битката за шампионската титула.
Сити прв дојде до предност со голот на Гундоган во 27. минута од натпреварот…
Но, потоа се беше на страна на Кристал Палас. Најпрво во 33. минута Шлуп израмни, а Таунсенд со прекрасен гол во 35. минута донесе предност за гостите од 1-2.
На 1-3 зголеми Миливојевиќ од пенал во 51. минута…, а Де Брујн во 85. минута успеа само да го ублажи поразот на 2-3.
Шокиран во 18. коло е и Челси кој на „Стемфорд бриџ“ загуби со 0-1 од Лестер. Стрелец на единствениот гол за гостите беше Варди во 51. минута од средбата…
РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
Бурнмаут – Брајтон 2-0
Челси – Лестер 0-1
Хадерсфилд – Саутемптон 1-3
Манчестер сити – Кристал Палас 2-3
Њукасл – Фулам 0-0
Вест Хем – Ватфорд 0-2
Кардиф – Манчестер јунајтед (18:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА