Норвежанецот Оле Гунар Солскјер по деби победата на клупата на Манчестер јунајтед од 5-1 против Кардиф, информираше дека околу адаптацијата на новата функција пред првиот свој натпревар многу му помогнал еден совет на голема легенда на клубот.
„Таа легенда е Вејн Руни кој пред натпреварот ми даде еден совет… Тој совет се покажа како огромна помош за денешниот триумф, но нема да откријам што беше тоа“ – истакна по мечот Солскјер и дополни:
„Многу сум среќен што вистински уживавме во овој натпревар. Кога располагате со фудбалери од ваков ранг, тогаш фудбалот е навистина едноставна игра а победите лесно доаѓаат. Како што најавив, игравме офанзивно и тоа ќе го барам секогаш од фудбалерите и во иднина. Оставаме вечерва малку да се порадуваме па веќе од утре повторно не чека многу работа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА