Димитријевиќ без грешка во шутот за три, Хувентуд убедлив со Тенерифе

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра нова квалитетна партија во победата на Хувентуд во 13. коло од шпанската АЦБ лига. Хувентуд славеше против Тенерифе со убедливи 84-64.

Димитријевиќ мина околу 15 минути на паркетот, притоа со запишани 8 поени и 100% реализација од зад линијата за три поени од каде имаше два коша од два обида. На осумте поени Димитријевиќ дополни и со две асистенции и еден скок.

Најефикасен во победата на Хувентуд беше Матијас со 14 поени, а 13 поени постигна Харангоди. Во поразениот тим се издвои Беиран со 12 поени, осум асистенции и четири скока.

Ова беше седма победа на Хувентуд сезонава, наспроти и шест порази, со која повторно се проби меѓу водечките осум екипи на табелата.

Се вчитува...