Хрватскиот стратег на клупата на Баерн Минхен, Нико Ковач на вчерашната пресметка во Франкфурт се лизна и се испружи покрај теренот. Неговата незгода ја забележаа и камерите, а Ковач потоа во студиото на ЗДФ направи и шега на своја сметка и добро ги насмеа присутните.
Хрватот изминативе месеци беше мета на големи критики, но успеа да ја задржи својата позиција и да ги задржи конците во свои раце во баварскиот тим. Баерн овој месец врза четири бундеслигашки победи и изби на второто место на табелата со само шест бода заостанување зад Борусија Дортмунд.
Ковач успеа да го врати Баерн во победнички ритам и во борба за шампионската титула во Германија. Но, не успеа да се задржи на нозе во последниот настап годинава.
Иако поранешниот хрватски фудбалер се пошегува дека малку се „зарѓал“ на клупата и во зимската пауза треба да поработи на приемот на топка, Рафињо сериозно се загрижи по неговиот пад и притрча и веднаш притрча да му помогне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА