Столе Димитриевски со својот Рајо Ваљекано ја добија пресметката против Енис Барди и Леванте во 17. коло на Ла Лига.
Домашните триумфираа со 2-1 во главно израмнет натпревар кој беше решен во второто полувреме. Рајо Ваљекано поведе со автоголот на Тоно уште во 22. минута од средбата.
Во вториот дел, најпрво Леванте израмни преку Рочина во 60. минута…
Но, по само седум минути игра Де Томас ги постави конечните 2-1.
Енис Барди одигра 78 минути за Леванте, додека Димитриевски беше одличен на голот на Рајо во првото полувреме извонредно спречувајќи неколку можности на гостите да дојдат до погодок.
Во 87. минута од средбата Димитриевски заработи и повреда по еден судир со Веласкез, но сепак го продолжи дуелот издржувајќи до крајот. Во 92. минута и имаше и убава интервенција по шутот на Симон, а заработи и жолт картон во 95. минута за задржување на време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА