Јувентус продава двајца играчи за да го купи Иско

Јувентус ќе се обиде да го доведе Иско во своите редови веќе во јануарскиот рок, за да ја добие трката со Манчестер сити за ѕвездата на Реал Мадрид. Иско не е дел од плановите на Сантијаго Солари, тренерот на Реал дал и зелено светло за негово заминување во јануари, но Флорентино Перез јасно ставил до знаење дека тоа ќе се случи само доколку добие интересна понуда за услугите на шпанскиот репрезентативец.

Перез го има проценето Иско на 100 милиони евра, шпанските медиуми шпекулираат дека и сума од 70 милиони евра ќе биде доволна за да се дојде до одличниот плејмејкер, а „старата дама“ планира да го собере буџетот со продажба на двајца свои играчи за врска. Едниот е Миралем Пјаниќ, со кого се уште не е постигнат договор за продолжување на соработката и кој би можел да биде продаден за сума повисока од 50 милиони евра. Покрај Пјаниќ, се очекува од Јуве да си замине и Сами Кедира, кој по бројните повреди го загуби првотимскиот статус и ќе му биде дозволено веќе во јануари да ги промени клупските бои.

Јувентус не ја затвора ни опцијата за ангажман на Погба покрај Иско, но во таборот на „старата дама“ се свесни дека нема шанси тоа да се случи зимава бидејќи Манчестер јунајтед нема да го продаде Французинот најмалку до крајот на сезонава, особено во ситуација кога Мурињо беше отпуштен, па се очекува сега Погба да има поголема слобода во играта на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...