Унаи Емери се соочува со нов проблем околу составот на Арсенал откако се покажа дека повредата на Хенрик Мхитаријан е од посериозна природа. Ерменецот настрада при еден дуел со Лукаш Моура на мечот од лига-купот против Тотенхем, беше заменет на полувремето, по што воопшто не настапи на натпреварот против Барнли во саботата.
Деталните прегледи покажале дека станува збор за скршеница на коска во стапалото, а првичните прогнози на лекарите се дека Мхитаријан ќе отсуствува најмалку 40 дена од фудбалските терени. Се очекува по повредата на Мхитаријан да се стопираат преговорите за продажба на Месут Озил, кој го зазеде местото на Ерменецот во првиот тим на мечот со Барнли.
Емери од претходно се мачи да ја закрпи и одбраната, откако повреди заработија Белерин, Холдинг и Мустафи, а на листата играчи кои не му се на располагање од саботата се приклучи и Начо Монреал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА