Георгиевски: Два бода на СП носат дуелите и со Јапонија, и со Шпанија

Ракометната репрезентација на Македонија ги стартува подготовките за настап на Светското првенство во Германија и Данска. Десното крило Гоце Георгиевски зад себе веќе има доволно искуство од мундијалите и знае дека секој натпревар е нова приказна и е вреден два бода.

„Секој противник и секој натпревар е посебна приказна. во секоја средба треба да се влезе ангажирано и сериозно без разлика кој е противникот и дали се вика Јапонија, Бахреин или Шпанија. Два бода носи победа и против Јапонија и против Хрватска и Шпанија“, вели Георгиевски.

Македонија на ова Светско првенство ќе биде подмладена има две седмици за квалитетни подготовки.

„Светското првенство е голем предизвик и голема мотивација. Ќе се подготвиме најдобро што можеме. Селекторот реши за подмладен состав, наше е да играме и да и служиме на репрезентацијата. Имаме петнаесетина дена за подготовки, ќе имаме и две контроли“, истакна еден од поискусните ракометари во националниот тим.

 

Се вчитува...