Предводникот на актуелниот кошаркарски првак на Македонија, Работнички, Марин Докузовски во минатата сезона успеа со неговите играчи да го детронизира МЗТ Скопје Аеродром и ја прекина шампинската доминација на големиот градски ривал.
Поради ова, поранешниот селектор на Македонија го понесе признанието за најдобар тренер во македонската кошарка за 2018 година. На церемонијата на доделувањето на признанијата, Докузовски беше особено трогнат што статуетката ја доби од учителот, Александар Књазев.
„Чест ми е што наградата ми ја доделува човек како Александар Књазев. Од него ја учев кошарката кога бев негов асистент. Тренерската работа е многу чувствителна. Кога губите натпревар ви е мака, а кога победувате, победници се играчите. Сепак, за да се добие признание за најдобар тренер треба да се има поддршка од сите страни. А јас го имав токму тоа изминатава година. Би сакал да упатам голема благодарност до играчите, управата на Работнички, до Општина Центар и секако на моето семејство. Јас сум само една алка од синџирот кој ја формира оваа награда“– рече Докузовски.
Покрај Докузовски и Работнички доби признание за најдобар клуб во македонската кошарка за 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА