Мартин Серафимов: Најмал сум, но желбата е голема

Со мала трема, но со голема желба и радост, дојде 18-годишниот Мартин Серафимов на својот прв собир со сениорската репрезентација на Македонија пред настапот на СП во Германија и Данска, во јануари. Помалку збунет, додека се собираа репрезентативците, најголемиот македонски талент на десната бековска позиција како се уште да не можеше да поверува дека сега е „колега“ со Кире Лазаров.

Се ми е измешно, сите чувства. Имам трема дури и кога ме прашувате. Но, претпоставувам, така им е на сите млади ракометари кога ќе дојдат прв пат во најдобрата репрезентација. Ќе се навикнам, па после сигурно ќе биде полесно“ – со насмевка и растреперен глас вели првото „дете“ од новиот милениум во најсилната македонска репрезентација, роден на 3 март 2000 година.

Мартин е најмладиот репрезентативец на списокот на селекторот Раул Гозналес од 22 играчи од кои по завршувањето на подготовките ќе биде селектиран тимот што ќе патува за Германија. Вели, најмал сум, но имам голема желба, ќе работам и ќе учам. Има од кого..

„Најмал сум , но желбата е голема. Тоа што сум најмал можеби е добро, можеби не. Не знам. Мое е да работам, да дада максимум и да учам од поголемите, од Кире, од Манасков, од Столе, од Кузманосвски, од Талески…сите се поголеми и поискусни. Од сите треба да учам“ – вели Серафимов.

Во отуство на повредениот Мартин Велковски, во комбинација за десната бековска позиција како замена за Кире Лазаров покрај Мартин Серафимов е и неговиот клупски колега од Металург, Томислав Јагуриновски кој игра и на десен бек и на десно крило. Секој се надева дека ќе ја добие својата шанса и во подготовките ќе се избори за место на СП.

„Можеби ќе одам, можеби нема да одам на СП, тоа е одлука на селекторот, мое само да дадам максимум. Секој си ја гледа својата шанса. За мене ова секако е големо искуство кое ќе ми значи многу и за настапите со кадетската и со младинската репрезентација“ – скромно вели најмладиот член во македонската репрезентација.

Се вчитува...