Рома славеше против Сасуоло со 3-1 во вчерашниот натпревар од Серија А, но бројни детали од натпреварот ја поделија италијанската јавност.
При водство на Рома од 1-0, Чехот Патрик Шик неспретно реагираше и по корнер ја испрати топката кон својот гол. Фудбалерите на Сасуоло веќе прославуваа, и самиот Шик знаеше дека е погодок, но ВАР системот потоа пресуди дека нема гол!
Според видео снимките од сите агли беше очигледно дека топката ја мина гол-линијата, но ВАР рече – не! Голот беше поништен, а Рома потоа рутински си дојде до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА