Реал Мадрид е во потрага по наследникот на Марсело, а тренерот Сантијаго Солари го гледа во редовите на Бетис. Жуниор Фирпо, левиот бек на Бетис е цел на „кралскиот клуб“ и би можел да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.
Според најавите од Италија, Марсело е во преговори со Јувентус, а раководството на Реал Мадрид сака навреме да се обезбеди. Иако го има Тео Хернандез, кој е на позајмица во Алавес, а Солари најверојатно ќе го унапреди и Регалион во сениорскиот состав, сепак, Фирпо треба да биде првата опција од следната сезона.
Бетис за него бара 40 милиони евра, со оглед дека постои интерес и од Арсенал и од Манчестер сити, а Реал Мадрид ќе ги обезбеди од продажбата на Марсело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА