Барселона успеа да победи во трката за младата холандска ѕвезда Френки де Јонг од Ајакс. Тој е цел на најголемите европски клубови, а Барса, како што тврди каталонскиот весник „Спорт“, го договорила ангажманот на талентираниот играч за врска.
Пари Сен Жермен беше најблиску до Де Јонг, но раководството на Барселона вложи максимални напори да го убеди младиот плејмејкер на Ајакс да се пресели на „Камп Ноу“. Трансферот ќе биде вреден 75 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА