Конечно е завршена сагата околу трансферот на францускиот репрезентативец Лукас Хернандес (22) од Атлетико Мадрид во Баерн.
Мадридскиот тим не сакаше лесно да се откаже од услугите на Французинот и направија се Харнандез да не замине уште во јануарскиот преоден рок. Фрнцузинот ќе ја доигра сезоната во Атлетико Мадрид, но, од следното лето сепак, ќе го облече дресот на Баерн. Атлетико од трансферот ќе инкасира 85 милиони евра и ќе има шест месеци да најде замена.
Шпанските медиуми објавија дека извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге потврдил дека имал телефонски разговор со првиот човек на Атлетико, Гил Мартин и дека е договорено Хернандез од следното лето да стане член на Баерн.
Хернандес целата своја досегашна кариера ја помина во Атлетико каде во 2014 година стана член на првиот тим. Во Баерн Минхен, Французинот ќе заработува по 8,5 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА