Кошаркарите на Басконија беа убедливи на гостувањето во Русија и славеа против Химки со 77-85во дуелот од 15.коло во Евролигата.
Гостите се одлепија уште во првата четврѕина, но Химки успеа да се се врати во игра во третата четвртина кога ја надополни двоцифрената негатива и го презеде водството. Сепак, шпанскиот преставник беше поуспешен во последните десет минути и на крај рутински го реши мечот во своја полза.
Натпреварот го одбележа Торнике Шенгелија кој на почетокот од второто полувреме лошо ја прифати топката при едно забивање, го повлече обрачот и ја скрши таблата што го оддолжи мечот.
Шавон Шилдс со 15 поени и Јоханес Фохман и Дарун Хилиард со по 14 поени беа најефикасни во составот на Басконија. Кај домашниот тим листата на стрелците ја предводеше Џордан Мики со 19 поени.
Во вториот вечерашен натпревар во Евролигата, Дарушафака на домашен терен славеше против Олимпијакос со 79-75.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА