Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница го именуваше поранешниот фудбалер на кичевски Напредок, Шкумбин Арслани за нов селектор на репрезентацијата до 18 години. Арслани доаѓа на местото на Марио Вујовиќ кој досега ја предводеше оваа селекција.
Покрај тоа, УО на ФФМ го назначи Зоран Лекиќ за селектор на футсал репрезентацијата на Македонија до 19 година. За асистент во футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години е назначен Марјан Стефановски.
Управниот одбор назначи главни и помошни тренери во спортската академија за градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Велес.
На денешниот состанок Управниот одбор на ФФМ го утврди предлог буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА