НАЈЧИТАНО ВО 2018… Ѕирнавме во тајниот нотес на Раул

НАЈЧИТАНО ВО 2018…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2018 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Токму тие листови хартија ги содржат тајните на успехот на „црвено-жолтите“, диригирани од страна на шпанскиот генијалец. Раул имаше лек за сите, од Словенци, преку Црногорци до европските прваци од Германија.

Сега на ред се неговите Шпанци, што само по себе е дополнителна мотивација… и дополнителни страници во „златната тетратка“. Ги полнеше Раул и за време на денешниот тренинг, штом забележеше нешто што не му се допаѓа и ќе треба да се смени, или пак му дојдеше нова идеја како да играме уште подобро.

„Секогаш може подобро“ – е девизата на македонскиот селектор, кој вредно работи… и запишува, совети како да се совлада Гонзало, да се одигра одбрана на Агинагалде, да се неутрализира Алекс Душебајев, кого толку добро го познава… Ако некој знае како со аутсајдер се земаат скалпови на фаворити, тоа е нашиот селектор.

А знаејќи колку играчите го почитуваат и го слушаат секој негов совет, јасно е колкаво е значењето на секоја страница од оваа „библија“ на нашата ракометна репрезентација.

Нотесот е полн со драгоцени совети, но има и празни страници, за овој дуел со Шпанија, но и за оние следните со Чешка и Данска, ривали кои исто така се на „менито“ на македонскиот национален тим предводен од шпанскиот генијалец.

Сепак, први на ред се „неговите“ Шпанци, триумф кој сигурно за „ел команданте“ би бил најдраг во неговата селекторска кариера. Нека биде „супер“, еден од најупотребуваните зборови на нашиот селектор на македонски јазик, за поголем нотес… за тактики и нови совети до последниот ден од ова Европско првенство.

Се вчитува...