Договорено: Пулишиќ оди во Челси за 50 милиони евра

Челси е клубот во кој Кристијан Пулишиќ ќе ја продолжи својата кариера, откако лондонскиот премиерлигаш ги договори сите детали од овој мегатрансфер со раководството на Борусија Дортмунд. Тиражниот весник „Билд“ тврди дека е постигнат целосен договор – Пулишиќ во јули ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, а Челси ќе плати отштета од 50 милиони евра за неговите услуги.

Маурицио Сари инсистирал американскиот репрезентативец да му биде доведен веќе во јануарскиот преоден рок, но челниците на Борусија во старт ја отфрлиле оваа опција, јасно ставајќи до знаење дека Пулишиќ нема да замине додека трае битката за титулата со Баерн Минхен. По ова, двата клуба постигнале договор за летен трансфер, со што Челси осигура доаѓање на нов врвен крилен офанзивец што би го заменил Еден Азар доколку се реализираат најавите за негов мегатрансфер во Реал Мадрид.

Претходно сериозен интерес за Пулишиќ покажуваше и Ливерпул, но новите договори на Салах, Фирмино и Мане, како и понудата до Лајпциг за Тимо Вернер, беа јасен знак дека Американецот не би имал првотимски статус, по што тој реши да ја прифати понудата на Челси.

Се вчитува...