Италијанскиот калчолигаш Интер се вклучува во трката за ангажман на дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил, открива „Кориере дело спорт“. Тренерот Лучијано Спалети бара соодветна замена за Жоао Миранда, кој најверојатно во зимскиот преоден рок ќе се врати во Бразил и ќе потпише за Фламенго.
Кејхил не е во најтесните планови на менаџерот на Челси, Маурицио Сари, и ја одби можноста за продолжување на соработката со клубот. Тука својата шанса ја гледа Интер, кој би сакал да го доведе веќе во јануари.
За Гери Кејхил интерес покажуваат и Арсенал и Астон Вила во Англија, но и Милан во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА