Милан конечно ја прекина серијата од четири натпревари без победа во Калчо-лигата, славејќи со 2-1 против СПАЛ. Гонзало Игуаин беше херојот, со првиот гол што аргентинскиот ас го постигна по пауза од два месеци или вкупно 865 минути игра.
Игуаин голот го прослави со тренерот Џенаро Гатузо, а по мечот победничкиот погодок му го посвети токму на шефот на стручниот штаб, за кого е неизвесно дали ќе остане на чело на „росонерите“ и покрај вчерашната победа.
„По многуте „киксови“ претходно беше многу важно да ги освоиме трите бода, го остваривме тоа и сега можеме празниците да ги минеме со своите семејства во помирна атмосфера. Јасно ми е дека навивачите очекуваат повеќе од мене, дојдов овде бидејќи бев убеден во квалитетот на овој проект и сакам да продолжиме. Овој гол е за Гатузо, бидејќи тој секогаш ми даваше поддршка, но и беше искрен со мене кога и да разговаравме“ – изјави Игуаин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА