Манчестер сити заостанува десет бода зад Ливерпул во трката за титулата, „граѓаните“ попладнево му гостуваат на Саутмептон во обид да ја прекинат серијата од два премиерлигашки порази, за потоа во првиот меч од 2019 година да го пречекаат токму лидерот на табелата. Пеп Гвардиола има само пофални зборови за тимот на Јирген Клоп, кој дефинитивно им ја отежнува на „граѓаните“ задачата за одбрана на титулата.
„Што можеме да кажеме кога Ливерпул на девет средби не примил гол, а на другата страна ги постигнува многу. Во тоа не можеме да се носиме со нив, тоа е реалноста“ – истакна Гвардиола.
Каталонскиот стратег сепак е оптимист дека неговиот тим ќе успее да ја стигне негативата.
„Имаме 44 поени по првиот дел од сезоната, ако ги повториме истите игри и имаме 88 бода, верувам дека можеме да бидеме шампиони. Тоа се шампионски бројки, во последните години се станувало првак и со помалку. Затоа, треба да продолжиме во ист стил, да размислуваме само за нашите игри и резултати, а ривалите нека се грижат за своите“ – порача менаџерот на Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА