Се разигра Погба, гол даде и Лукаку – Јунајтед го „здроби“ Бурнемаут

Манчестер Јунајтед дефинитивно делува како „воскреснат тим“ по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер, откако најтрофејниот англиски клуб во третиот меч под водство на Норвежанецот ја забележа и третата убедлива победа, овојпат од 4-1 над Бурнемаут.

Се функционира беспрекорно, а најмотивирано делува Пол Погба, кој одигра извонреден натпревар постигнувајќи два гола, надополнети со една асистенција. Маркус Рашфорд исто така беше одличен со еден гол и една асистенција, а меѓу стрелците се запиша дури и Ромелу Лукаку, кој влезе во игра во вториот дел и веднаш постигна гол, оставајќи ја зад себе голгетерската криза од периодот кога Мурињо седеше на клупата на „црвените ѓаволи“.

Црна дамка на победата во финишот непотребно остави Баи, кој заслужено доби црвен картон за груб старт во самата завршница на овој натпревар.

Се вчитува...