Алонсо: Шумахер ми беше најголемиот ривал

Фернандо Алонсо на крајот од Формула 1 сезоната ја заврши долгогодишната кариера во најбрзиот шампионат и додека се подготвува за трката на 500 милји во Индијанаполис ја забавува светската јавност со изјавите за личните успеси, но и за актуелниот момент во шампионатот.

Тој признава дека сега конкуренцијата е многу поголема во однос на периодот кога тој стана шампион. Алонсо ја прекина доминацијата на Шумахер и ја освои титулата во 2005 година кога Германецот беше на врвот од кариерата.

„Тешко е да се избере еден ривал, но ако морам би рекол дека е тоа Шумахер. Михаел е најголемиот ривал, не поради техничкиот аспект, туку пред се поради емоциите. Битките со него беа посебни и во тоа време за мене многу емотивни“ – вели Алонсо.

Шпанскиот возач потенцира дека во изминатава деценија работите се драстично променети и оти нивото на Формула 1 е незамисливо поинакво од пред една или две децении.

 

 

 

Се вчитува...