Роберт Левандовски во текот на минатото лето инсистираше да му биде дозволено да си замине од Баерн Минхен, но управата реши да не му дозволи да ги промени клуските бои. Баварскиот гигант сезонава ја почна со слаби резултати, во меѓувреме успеа да се консолидира, но моментната форма нема преголемо влијание врз Левандовски, кој во меѓувреме го промени својот став околу иднината.
„Јас се гледам себе како уште долго го носам дресот на Баерн. Можеби ќе останам до крајот на кариерата, тоа дефинитивно е сериозна опција за мене. Не станува збор за промена во мојата глава, туку за одредени ситуации кои се случуваа минатото лето и не ми се допаѓаа, но сега сето тоа е завршено. Јас се идентификувам себе си со Баерн Минхен, размислувам само за иднината со овој клуб и сакам уште долго да бидам дел од овој европски гигант“ – истакна Левандовски.
Полскиот ас сезонава има постигнато 10 гола во Бундес-лигата, два помалку од Алкасер и Јовиќ, кои е на делба на првото место на листата на стрелци во елитното германско фудбалско друштво.
Баерн Минхен заостанува шест бода зад лидерот Борусија по првите 17 кола од Бундес-лигата, а натпреварите во германскиот шампионат ќе продолжат на 18 јануари со мечот Хофенхајм – Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА