Рамзи пред потпис со Јувентус

Велшкиот интернационалец Арон Рамзи ќе потпише за италијанскиот првак Јувентус, тврдат медиумите на Апенините. Раководството на „старата дама“ се специјализира за ангажман на фудбалери на кои им е истечен договорот и Рамзи ќе биде следниот во низата. Тој наводно ја прифатил понудата на Јувентус за годишна плата од 8 милиони евра, плус дополнителни бонуси, а голема провизија (9 милиони евра) ќе добие и агенцијата која го застапува фудбалерот.

Арон Рамзи е еден од најпосакуваните фудбалери на европскиот трансфер-маркет, со оглед дека се работи за фудбалер на кого му истекува договорот на крајот од сезоната. Тој има понуди од Манчестер сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен и од Јувентус.

Се вчитува...