Пливачката серија на ФИНА со рекорден награден фонд од 3,9 милиони долари

САД, Кина и Унгарија ќе бидат домаќини на натпреварите од првото издание на Светската пливачка серија на ФИНА. Серијата од три натпреварувања ќе биде со рекорден награден фонд од 3,9 милиони долари.

Светската пливачка федерација ја воведува Светската пливачка серија како одговор на појавата на Меѓународната пливачка лига организирана од Меѓународната федерација на спортови на вода која цели на внесување на големи пари во овој спорт.

Натпреварите од новата Светска пливачка серија ќе се одвиваат во 50-метарски базени со директни финалиња без квалификациски фази.

На овие натпревари ќе пливаат само олимписки и светски шампиони и рекордери како и пливачи со специјални покани според нивниот рејтинг.

Серијата за прв пат ќе биде спроведена од март до мај годинава, а секој од турнирите ќе трае по три дена.

Се вчитува...