Михаел Шумахер денеска полни 50 години

Најтрофејниот возач во историјата на Формула 1, Михаел Шумахер денеска полни 50 години. Семејството на легендарниот Германец порачува дека ги прославува неговите победи и рекорди.

Шумахер доживеа тешка повреда на главата во несреќата што ја доживеа на скијање во декември 2013 година и оттогаш е далу од очите на јавноста.

Седумкратниот светски шампион неколку месеци беше во кома, а потоа е префрлен во семејниот дом во Швајцарија и малку се знае за неговата здравствена состојба.

Бидете убедени дека е во најдобри раце. Правиме се што е можно да му помогнеме. Ве молам да не сфатите дека ги исполнуваме желбите на Михаел и чувствителното прашање за неговото здравје го држиме во приватност“ – порача сопругата на Михаел Шумахер, Корина.

Неговото семејство денеска на неговиот 50-роденден ќе ја објави офцицијалната апликација Михаел Шумахер која ќе биде виртуелен музеј на неговите достигнувања.

Михаел Шумахер седум пати беше светски шампион – два пати со Бенетон (1994, 1995) и пет пати со Ферари (2000, 2001, 2002, 2003, 2004).

Во својата кариера победи на 91 трка од 306 стартови, рекордер е во Ф1 со 18 победи повеќе од Луис Хамилтон. Шумахер е рекордер со 15 последователни сезони во кои има забележано барем една победа.

Шумахер е недостижен и со осум победи на трката за ГН на Франција и по седум во Канада и Сан Марино. Во неговата исклучителна кариера посебно беше импресивна 2002 година кога заврши на подиум на сите 17 трки во сезоната.

Офцијално се пензионира во 2006 година, ама се врати во Ф1 три години подоцна. Последната трка во кариерата ја возеше на 43-годишна возраст во Бразил во 2012 година.

Се вчитува...