Селекторот Раул Гонзалез очекува македонската репрезентација да игра добар ракомет на претстојниот светски шампионат. Шпанскиот стратег се реши за помладување на играчкиот кадар за овој Мундијал, но Раул е пријатно изненаден од она што новите репрезентативци го прикажале во досегашниот дел од подготовките.
„Многу сум задоволен од она што досега е покажано на тренинзите, играчите тренираат со силно темпо. Знаеме дека нема да биде лесно, против себе ќе имаме силни репрезентации, ќе ни треба поддршка, очекувам да имаме помош од навивачите. Ние ќе им возвратиме на наш начин, очекувам Македонија да игра убав ракомет на ова Светско Првенство. Не можеме сега да прогнозираме, одиме чекор по чекор и ќе бидеме подготвени за сите предизвици“ – истакна Гонзалес.
Македонија во следните два дена ќе одигра и два контролни натпревари со Србија, по што Гонзалес ќе го објави конечниот список на ракометари кои ќе настапат на СП во Германија и во Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА