Италијанскиот калчолигаш Милан се надева дека ќе успее да го засили тимот со белгискиот интернационалец Јаник Караско. Офанзивниот играч за врска сака да се врати во Европа по кинеската епизода во Далијан, а тренерот Џенаро Гатузо смета дека тој би бил идеално засилување за „росонерите“.
Преговорите се во тек, но главна пречка е неговата годишна плата. Караско во Кина заработува 11,5 милиони евра по сезона, а Милан не би можел да му плати ниту половина од таа сума.
Белгиецот претходно настапуваше за Монако и за Атлетико Мадрид, пред да се одлучи да замине во Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА