Кошаркарите на Блокотехна го претрпеа првиот пораз во БИБЛ. Победничката серија на клубот од Гевгелија заврши на гостувањето во Пловдив против Академик Бултес кој го доби денешниот дуел со 82-77.Извонредна партија во тимот на Блокотехна имаше Данило Мијатовиќ кој реализира дури 41 поен, но ни тоа не беше доволно за победа на гевгеличани.
Блокотехна добро го отвори натпреврот и првата четвртина ја заврши со предност од 22-17. Но, притисокот на домаќините се засили во нередените четвртина, постигнаа седум поени по ред во финишот и на полувремето Академик Бултес имаше водство од 43-36.
Во третата четвртина, Блокотехна предводена од ефикасниот Данило Мијатовиќ, успеа да ја намали негативата завршувајќи го овој дел со 18-16.
Неизвесноста продолжи и во завршната четвртина. Домашните кошаркари се обидуваа да одолеат на притисокот на гостите, но немаа решение за расположениот Мијатовиќ. Сепак, бигарскиот тим успеа да ја одбрани предноста во финишот и да ги освои бодовите.
Повеќе од половина од поените на Блокотехна ги постигна Данило Мијатовиќ кој заврши со 41 поени дополнети со девет скока. Горан Главцев заврши со 11 поени, два скока и четири асистенции. Кај домашниот тим најефикасен беше Најт со 27 поени, четири скока и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА