МОК со 50.000 долари го помага македонскиот ракомет

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за понатамошно унапредување на македонскиот ракомет обезбеди финансиски средства од 50.000 американски долари од кои 40.000 долари вече се префрлени на сметката на Ракометната федерација на Македонија, а наменети се за најдобрите македонски ракометари  кои ќе учествцуваат на Светското првенество во Германија и Данска, односно за нивните подготовки, информираат од МОК.

МОК обезбеди и дополнителни 10.000 американски долари за обука на тренери на Универзитетот за физичко образование и спорт во Будимпешта, Унгарија. Еден македонски ракометен тренер ќе престојува на тримесечна обука на овој престижен Универзитет.

Се вчитува...