Носителот на признанијата за најдобар играч сезонава во најзначајните светски избори, Лука Модриќ признава дека тој и неговите соиграчи комплетно потфрлаат сезонава особено по последниот пораз во Ла Лига по кој „кралскиот клуб“заостанува 10 бода зад водечката Барселона.
„Вистинската причина за тоа што потонавме е што многу играчи на Реал не играат на нивното најдобро ниво. Јас сум прв меѓу нив. Морам да се подобрам и ова го зборувам за да ја признаам мојата лоша форма и за да преземам одговорност“ – изјави Модриќ.
Модриќ потенцира дека неефикасноста го уништува Реал. Сезонава актуелниот европски првак има постигнато само 26 гола на 18 натпревари, а веќе има и шест порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА