Бранко Тамше е изборот на раководството на Загреб за нов тренер на хрватскиот првак како наследник на Лино Червар, кој минатиот месец се повлече од клупскиот ангажман за да се посвети на работата со репрезентацијата. Челниците на Загреб во изминатиот период преговараа со неколку стратези, но на крајот го избраа Тамше, кој неколку месеци е без работа откако претходно со години наназад успешно го водеше тимот на Целје.
„За мене работата во Загреб е голем предизвик, уште еден чекор напред во тренерската кариера. Многу ми е важна визијата на клубот што ми беше претставена во текот на преговорите, тоа многу ми се допадна, па експресноо се договоривме“ – истакна Тамше при промоцијата во Загреб.
Договорот меѓу хрватскиот шампион и словенечкиот стратег е потпишан на 18 месеци, со можност за негово продолжување за дополнителни две сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА