Кошаркарите на Химки приредија вистинска сензација во 17. коло од Евролигата, успевајќи да го земат скалпот на лидерот Фенербахче, нанесувајќи му го само вториот пораз на турскиот гигант во елитното европско натпреварување (84-78 по продолжение од пет минути). Успехот е уште поголем ако се знае дека рускиот тим настапи без својот главен играч Алексеј Швед, но сепак успеа да го изненади големиот фаворит.
Фенербахче тргна моќно и на стартот од втората четвртина поведе со 13-26, но мотивираните гостински кошаркари одговорија на предизвикот, се вратија резултатски и потоа имаа контрола се до самиот крај. Финишот беше супердраматичен, Марковиќ при водство на својот тим од 72-71 промаши две слободни фрлања на 20 секунди пред крајот, по што Мели имаше шанса да донесе победа на Фенер, но италијанскиот репрезентативец погоди само еден од двата „пенали“.
Во продолжението можеше да се проследи доминација на домашните кошаркари, гостите од Турција постигнаа само четири поени за шест минути игра и Химки на крајот сосема заслужено се радуваше на победата.
Марковиќ со 13 поени беше најефикасен кај Химки, по 12 постигнаа Гил и Бост, додека прв стрелец на Фенербахче беше
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА