Јанис Анетокуомпо ги надмина сите кошаркарски стандарди, па место со соиграч си одлучи да одигра двојно проигрување со главата на Џејмс Харден.
Секако, очигледно е дека не го планираше но на крајот и испадна одлично за Милвоки кој по таа „акција“ успешно реализираше… Во желбата да го проигра Малколм Брогдон, Јанис ја погоди главата на Харден па откако топката повторно се врати кај него потоа го проигра Илјасова кој успешно реализираше шут за три поени…
James Harden on MVP award last week: “I need it for sure, and I’m gonna get it.”
Giannis: pic.twitter.com/OUjJNUmwMd
— HoopsHype (@hoopshype) January 10, 2019
Антетокуомпо на крајот мечот го заврши со 27 поени, дополнето и со 21 скок и пет асистенции. Од друга страна, Харден иако зашеметен некое време дуелот го заврши со 42 поени, 11 скока и 6 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА