ОФИЦИЈАЛНО – Кузмановски стави потпис на договорот со Магдебург

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски официјално стави потпис на тригодишниот договор со бундеслигашот Магдебург. Попладнево беше објавена фотографијата на Кузмановски со своите менаџери и со челниците на неговиот нов клуб, кои сакаа да ја завршат работата пред стартот на Мундијалот.

Така, мундијалскиот престој во Германија, за 22-годишниот бек почна со  почна со потпис на договорот што ќе означи почеток на неговата интернационална кариера, а од утре може комплетно да им се посвети на обврските и задачите што ќе ги има со македонската репрезентација на 26.Светско превенство.

Филип Кузмановски потекнува од школата на Пелистер, неколку сезони настапуваше во Металург, а на почетокот од оваа, реши да се врати во Битола и сезонава го носи дресот на Еурофарм Работник. Преселбата во Германија го очекува на крајот од оваа сезона. Договорот со Магдебург е со важност до 2022 година.

Се вчитува...