Младинскиот репрезентативец на Македонија, Леонид Тодоровски сезоната ќе ја доигра во дресот на Куманово. Неговиот клуб, МЗТ Скопје Аеродром реши да го испрати на позајмица во кумановскиот прволигаш за како што соопштуваат од клубот да го „развива својот талент“.
По завршувањето на обврските кај кумановци, тој повторно ќе се врати во МЗТ со кој има договор за наредните две сезони.
„Станува збор за центар кој уште минатата сезона сериозно се наметна за работа со првиот тим, а за кого луѓето од клубот проценија дека ќе биде подобро привремено да продолжи во друг прволигаш, каде што секако би добил далеку поголема минутажа со оглед на исклучително силната конкуренција меѓу високите играчи во моментов во МЗТ Скопје Аеродром, особено по доаѓањето на Предраг Самарџиски“ – стои во соопштението од клубот.
Тодоровски сезонава на два меча доби шанса за настап во АБА2-лигата и тоа против Хелиос и Борац, а минатата сезона дебитираше и во најсилното регионално натпреварување и тоа на гостувањето кај Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА