Сигурдсон: Македонци, ви посакувам среќа до крајот на ова СП

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Јапонскиот селектор Дагур Сигурдсон не го криеше разочарувањето по денешниот убедлив пораз од Македонија, пред се поради големиот пад во играта на „самураите“ во последните десетина минути од натпреварот.

„Честитки за македонскиот тим. Секако дека сме разочарани, пред се од конечниот исход бидејќи игравме добар натпревар и не заслуживме така убедливо да загубиме. Во првото полувреме имавме проблеми со нивниот пивот, но и со извонредниот голман кој одбрани се што шутнавме. Во вториот дел почнавме добро, потоа Македонија заигра 7 на 6, ни создаде многу проблеми иако и ние постигнавме многу голови. На крајот прерано се предадовме и сигурно не сум задоволен поради тоа, бидејќи му овозможивме на противникот да стигне до убедлива победа. Им посакувам на Македонците многу среќа во натамошниот дел од шампионатот“ – истакна Сигурдсон на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...