Супериорна Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Првиот чекор е направен, Јапонија рутински победена, како доказ дека Македонија и со подмладен состав знае како рутински да се справи со ривалите за кои важи за фаворит во меѓусебните дуели.

Борко бранеше извонредно, пикерите се бореа лавовски, Лазаров стрелаше и асистираше, функционираше речиси се во нашата игра. Сигурно, се може и подобро, но тоа е нормално и очекувано во ситуација кога сите знаеме дека вистинските предизвици допрва ќе следат, во пресметките со европските селекции во групата.

Сепак, со мудроста на Раул на клупата и квалитетот на играчите на теренот јасно е дека Македонија ќе има што да каже и на наредните натпревари во Минхен, во обид да се стигне до втората рунда во Келн.

 

 

Се вчитува...