СКАНДАЛ – Јапонците обвинети за корупција!

Претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Цунекдзу Такеда е обвинет за корупција. Незаконските финансиски активности на Такеда се поврзани со победата на Токио во 2013 година во трката за домаќин на Олимписките игри во 2020 година во која конкуренти му беа Мадрид и Истанбул.

Според АФП, Такеда е обвинет за корупција поради сомнителен трансфер на 2.3 мииони долари за добивање на организацијата на ОИ 2020.

Плаќањето било извршено пред гласањето во Буенос Аирес кога Токио беше прогласен за домаќин на Олимписките Игри. На гласањето за избор на домачин на ОИ 2020, Мадрид беше елиминиран во првата фаза, а потоа Токио со 60 гласа победи во трката со Истанбул кој доби 36 гласа.

Минатиот месец претседателот на ИОК, Томас Бах побара од одговорните лица во Сенегал да ссоработуваат со француските власти во расчистување на овој корупциски скандал во врвот на меѓународниот спорт.

Цунекадзу Такеда е претседател на Јапонскиот олимписки комитет од 2001 година, но тој од 2012 е и член на раководсните структури во ИОК.

Се вчитува...