ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација ја оствари и втората победа на Мундијалот совладувајќи го Бахреин со 28-23. Филип Лазаров вели дека одбраната функционираше многу подобро, обезбедивме комотна предност во вториот дел, а можност за настап добија и помладите ракометари во нашиот национален тим.
„На првиот меч примивме 29 гола, сега ја зацврстивме одбраната и го сопревме Бахреин на 23 погодоци. Задоволни сме од триумфот, во финишот успеавме и да одмориме дел од силите и сега ќе се фокусираме на следниот меч со Хрватска. Тие можеби се благи фаворити, но ние ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто и да оствариме позитивен резултат“, изјави Филип Лазаров по триумфот над Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА