ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Стојанче Стоилов, без сомнение, е во центарот на вниманието на целокупната македонска јавност деновиве за време на Светското првенство 2019, пред се и поради неочекуваното негово „филтрирање“ во скандалозно непрофесионалниот однос на спортската редакција на албански јазик во МТВ2.
За време на преносот меѓу Македонија и Јапонија на стартот на СП, коментаторот на МТВ2 се одлучил Стоилов, во знак на некаков револт, да го именува како „играчот со број 5“…. Околу сето ова медиумите побараа денеска, по дуелот со Бахреин, и мислење од самиот Стоилов кој, сепак, не сакаше да коментира.
„Немам коментар за тоа. Тоа си е нивна работа, тие си знаат“ – рече кратко Стоилов, откако претходно го анализираше и дуелот со Бахреинците.
„Како што очекувавме Бахреин се покажа цврста репрезентација. Но, умеевме да одговориме на секоја нивна реакција и сосема заслужено дојдовме до победата. Добро е што имаше ротации па зачувавме сили и за утрешниот дуел со Хрватска кој е и тоа како важен за нас“.
Инаку, коментаторот на албански јазик на МТВ2 на денешниот пренос меѓу Македонија и Бахреин го избриша она „играчот со број 5“ за пивотот на македонската селекција сега именувајќи го како Стојанче Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА