ВИДЕО: Серафимов по својот првенец – „Измешани се многу убави емоции“

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

ФОТО: Игор Паневски

Ракометарот на Металург, Мартин Серафимов на дуелот против Бахрен го запиша својот прв гол во дресот на македонската репрезентација на едно Светско првенство.

Младиот ракометар до својот прв гол на Мундијалот дојде во финишот од мечот, а по него не го криеше задоволството од целокупниот амбиент кој владее во националниот тим…

„Пресреќен сум секако и од двете победи на стартот и од целиот амбиент кој владее во репрезентацијата. Го постигнав и првиот гол на едно светско првенство и може да кажам дека чувството е прекрасно. Измешани се многу убави емоции во мене кои верувам ќе ми дадат сила и за уште подобри партии во репрезентативниот дрес во иднина“ – вели Серафимов.

Се вчитува...